FutureOpportunities

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ 2021 година

Европската Младинска Асоцијација бара нови членови!

Оваа единствена можност е отворена за сите квалификувани младинци кои живеат во Општина Кичево.

Кои сме ние?

Европската Младинска Асоцијација е интеграција на младите во современите општествени текови, како и активно вклучување на младите во сите сфери на општествениот живот и нивното влијание во процесот на донесување одлуки на локално, национално и регионално ниво.

Ние заедно континуирано инвестираме време, знаење и енергија со цел да ја постигнеме нашата визија. Ние сме млади луѓе кои работат со млади луѓе преку едукација меѓу колеги и масовна комуникација поддржана од младински лидери.

Нашата мисија е да ги зајакнеме младите луѓе да ја променат својата заедница. Се стремиме да им помогнеме на младите луѓе, студентите и младите професионалци да станат креатори на идни промени и да изградат подобро општество за сите.

Создаваме платформи за младите да се поврзат, соработуваат и интегрираат нивните идеи и перспективи во националните и регионалните патишта за имплементација на Глобалните  Цели на Обединети Нации.

Зошто треба да се придружите на нашиот тим?

  • Добијте можност да ги покажете своите таленти, достигнувања и искуство со илјадници млади луѓе преку платформата EYA низ целиот свет,
  • Развијте вештини за да станете посилен млад лидер,
  • Придонесете кон зајакнување на младите во локална заедница,
  • Активно учество во сите активности, настани, состаноци, програми и сл
  • Учество во проекти, обуки, форуми, состаноци и патување низ целиот свет
  • Добијте пристап и информации за сите светски младински можности
  • Добијте сертификат и лична референца кога ви треба
  • Да го направиме нашиот град подобар и да развиеме „еден глас“!

Критериуми:

  • Да живеете во Општина Кичево
  • Помеѓу 18 и 29 години
  • Да имате основно познавање на Англиски јазик – (не е задожително)

Како да аплицирам?

Доколку сметате дека ги поседувате горенаведенети критериуми, ве молиме пополнете ја апликациската форма и испратете ни го вашето CV (максимум 2 страници) на – info@europeanyouth.org

Краен рок за доставување на апликацијата е 31 Август 2021.
Заедно, можеме да направиме разлика!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *